Над 70 донатори на СДСМ на распит кај Зврлевски

by fokus

Основното јавно обвинителство досега свикало повеќе од 70 сведоци за начинот на финансирањето на СДСМ на последните избори. Истрагата ја отвориле уште лани, по пријава од една институција, чие име не го откриваат поради тајноста на постапката.

Обвинителството на Марко Зврлевски досега сослушало сведоци, обезбедило документација и писмени докази.  Оомничен е организаторот на изборната кампања на партијата, други лица и една фирма.

Истрагата за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ пак, е веќе при крај, но неа ја води Специјалното јавно обвинителство. Случајот беше отворен во октомври, минатата година врз основа на досега необјавени разговори од прислушуваните материјали, а се однесува на финансирањето за време на изборите во 2014-та.

Во СЈО досега се свикани на распит стотици членови и функционери од партијата, но досега никој не се појавил пред истражителите, бидејќи ДПМНЕ ги игнорира поканите за распит. Велат дека не го признаваат СЈО и ќе се бранат со граѓанска непослушност.

Поврзани новости