Над 60 отсто од граѓаните не веруваат во капацитетот на власта за вакцинација

by Фокус 20:11
20:11

Mнозинството граѓани во aнкетата на Телма и МЦМС се изјасниле дека не веруваат во здравствените власти дека имаат капацитет да ја спроведат најавената вакцинација.

Конкретно, 60,5 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти нема да можат навремено и и ефективно сите да ги вакцинираат.

- Advertisements -

Сепак, една третина или 34,7 отсто веруваат во капацитетот на здравството, додека 4 отсто немаат став за ова прашање.

Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од  16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен  примерок од 1000 испитаници.

Поврзани новости