Над 50 отсто излезност за парламентарните, постигнат цензусот од 40 отсто за претседателските избори

by Фокус 17:52
17:52

Излезноста за парламентарните избори до 17 часот надмина 50 проценти од вкупниот број на граѓани со избирачко право, а за претседателските избори одзивот е над 40 отсто, колку што изнесува ценсусот за избор на претседател.

Според бројките што ги објави Државната изборна комисија, врз основа на обработени податоци од 3.414 од вкупно 3.515 избирачки места, за парламентарни избори гласале 53, 23 отсто, додека за претседателските 45,62 отсто од избирачите.

- Advertising -

Од сликовитиот приказ за денешното гласање се гледа поголема е излезноста во Источниот дел од Македонија, поточно во општините во третата и четвртата изборна единица, каде за парламентарните избори изнесува 60 отсто.

Од друга страна, пак, изборната карта покажува оти во првата, втората и во петтата ИЕ, одзивот во просек е околу 50 отсто, и убедливо најмал одзив се забележува во шестиот домнинанто албански изборен регион од над 4о отсто.

Субхи Јакупи, потпретседател на ДИК, изјави дека конечниот став за изборниот процес ќе го каже по завршувањето на гласањето во 19 часот, но досега, истакна тој, нема информации за поголеми нарушувања на изборниот процес.

Поврзани новости