Над 10.500 набљудувачи ќе ги следат утрешните избори

by Фокус 13:46
13:46

Вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори што ќе се одржат утре ќе ги следат речиси 10.000 набљудувачи, објави Државната изборна комисија.

Од нив, акредитирани се 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи. Изборите ќе ги следат и триесетина странски новинари.

Според податоците на ДИК, невладината МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113 , Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите – Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

- Advertising -

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 226 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ – 27, амбасадите на САД – 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција – 11 набљудувачи, Франција осум набљудувачи, Бугарија и Холандија по шест, Косово – пет, Словенија – четворица, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, Грузија и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ – 31 набљудувач.

Поврзани новости