Над 1.000 Словенци ќе дојдат во Скопје за мечот со Македонија

by Fokus

Повеќе од илјада навивачи купиле билети и ќе ја бодрат словенечката фудбалска репрезентација на гостувањето во Скопје в четврток, најавуваат медиумите во оваа земја.

Со ваква поддршка, Словенците покажуваат дека дуелот со избраниците на Игор Ангеловски им е многу важен.

Селекцијата на Словенија вечерва одржува тренинг во Љубљана, а утре треба да пристигне во нашиот главен град каде в четврток ќе се игра дуелот од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Матјаж Кек рече дека во Скопје одат на победа, со што би се одмаздиле за нерешениот резултат во Љубљана кој го сметаат за неуспех.

После гостувањето на „Тодор Проески“ арената, Словенците ќе играат дома против Австрија, во уште еден важен меч за нив.

Поврзани новости