Набрзо ќе стартува судењето за „Таргет“ и „Тврдина“, одобрен обвинителниот акт

by fokus

Судскиот совет на Кривичниот суд му даде зелено светло на обвинителниот акт кој се води за случајот „Таргет“ и „Тврдина“.

Ова значи дека набрзо ќе стартува судењето за овој случај кој беше отворен за масовното прислушување, а од судот додаваат дека дополнително ќе известат за датумот на кој ќе се одржи првото рочиште.

Со ова обвинение се опфатени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, како првообвинет, поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се пребегани во Солун и за кои ќе биде побарана екстрадиција.

Случајот „Таргет“ се однесува на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година. Обвинетите се  товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување при прислушувањето на најмалку 5.827 телефонски броеви или 20.017 нелегално прислушувани граѓани.

Во случајот „Тврдина“ се работи за уништување на опрема за прислушување вредна 10 милиони евра и на документација за набавката на таа опрема.

 

Поврзани новости