Набавена е струја за болници, училишта и градинки

by fokus

АД ЕСМ вчера произведе 12.636 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во термоелектраните се произведени 8.080, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк 4.556 мегавата часови електрична енергија, информира Владата.

– Во изминатото деноноќие преку „ЕСМ продажба“ набавени се 4.580 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопшти Владата.

Поврзани новости