На Зоран Даневски одново ќе му се суди

by fokus

На поранешниот сопственик на АК „Џумајлија“ од Лозово, Зоран Даневски, повторно ќе му се суди за дело за кое доби пет години затвор, јави Утрински весник.

Ваква одлука донесе Основниот суд во Свети Николе, откако ги уважи барањата за повторување на постапката.

Во барањето на бранителот на Зоран Даневски, се наведува дека пресудата била донесена на главен претрес во отсуство на обвинетиот, односно му било судено во отсуство. Од тие причини, бидејќи бил осуден во отсуство, а сега се наоѓал во земјава, адвокатот предлага да се повтори постапката и претресот да се одржи во негово присуство.

Судот во Свети Николе го прифатил ова барање, за кое позитивно се изјаснило и Јавното обвинителство, по што е донесено решението да се запре извршувањето на казната по пресудата. По предлог на јавниот обвинител му е определен притвор во траење од 30 дена.

Инаку, Даневски беше осуден на казна затвор во траење од пет години за „злоупотреба на овластување во стопанството“. Пресудата беше изречена на 23 мај минатата година и потврдена од Апелацискиот суд на 23 март годинава.

Поврзани новости