На ЗИМАТА не и се заминува: По убавото време, следува нова ПОГОЛЕМА промена на времето

by fokus

До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до околу 25 степени.

Потоа утре ќе има малку повеќе облачност а попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд. Услови за слаб локален дожд ќе има и во понеделник, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени во недела, во понеделник истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во понеделник исто така и тоа особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе има нова ПОГОЛЕМА промена на времето која ќе услови нови врнежи од дожд, пад на температурите и врнежи од снег на планините. Врнежите ќе продолжат и во вторник како и во среда. Тогаш услови за врнежи од снег ќе има и на повисоките места а уште во текот на ноќта недела кон понеделник ќе започне да дува и северен ветер кој повремено ќе засилува.

Од вторник температурите на воздухот ќе бидат пониски некаде за околу 10 степени во однос на сегашните, за време на новиот влажен бран кој ни доаѓа локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости