На жител од Инџиково му ги запалиле балите детелина и слама

by fokus

Напознат сторител предизвикал пожар на околу 1500 бали детелина и слама на 64-годишен жител од Инџиково. Повредени лица нема, а причинета е материјална штета.

„На 08.08.2018 година во 13.45 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.Ф. (64) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 13.20 часот, најверојатно од страна на непознат сторител бил предизвикан пожар на околу 1500 бали детелина и слама во дворното место од неговата куќа во с.Инџиково.Пожарот се проширил и на другата локација каде била опожарена слама. Повредени лица нема, а причинета е материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пренесува МВР.

Поврзани новости