На вештакот на СЈО не му било дозволено да влезе во „Трансмет“

by fokus

Вештакот на Специјалното јавно обвинителство на денешното судење по предметот „Труст“, рече дека од компанијата „Трансмет“ не му било дозволено да изврши увид во механизацијата. Обвинението на СЈО товари три фирми, меѓу кои е „Трансмет“ дека лажирале документација прикажувајќи механизација што не ја поседуваат, за да добијат тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Како што рече вештакот во својот исказ пред судот, по барање на СЈО требало да направи увид во механизацијата за ископ на јаглен и јаловина, за што доставил писмено барање до „Трансмет“. И покрај тоа не му било дозволено да влезе во компанијата, а на барањето не му било одговорено.

Во „Труст“ се осомничени три фирми и нивните управители: „Силекс неметали“, „Трансмет“ и „Вато“. Првообвинет е поранешниот сопственик на „Трансмет“, Сеад Кочан.

Поврзани новости