На вчерашниот протест за името приведени десетина лица, маскирани со фантомки фрлале со шишиња,шипки, молотов коктел врз полицајците

by Fokus

Десетина лица се приведени по вчерашниот протест откако кон кордонот полицајци фрлале со шишиња, шипки, конзерви, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во периодот од 19.30 до 23.00 часот на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје,  пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“. кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

 

Поврзани новости