На Уставен „падна“ владината уредба изборот на ректор на УКИМ да се стави во мирување

by Frosina Fakova

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба, со која всушност се стави во мирување постапката за избор на ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Уставните судии оцениле дека Владата со оваа уредба ја нарушила автономијата на Универзитетот, велат за „Фокус“ од Уставниот суд.

Постапката за избор на Ректор беше почната за време на вонредната состојба, а Независниот академски синдикат (НАКС) кои тврдеа дека постапката што ја иницираше сегашниот ректор Никола Јанкуловски е незаконска и нелегитимна во актуелните правни и здравствени околности.

Со дополнувањето од Владата се превидуваше сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба, да се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон (на пример, вон изборен период).

Иако Владата со уредба ја стопираше постапката тројцата кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорите Вујица Живковиќ, Драги Димитриевски и Петар Атанасов ги поднесат своите програми бидејќи Универзитетската изборна комисија не го стопирала конкурсот.

Поврзани новости