Во Ургентен центар само еден повреден, скоро сите лекари се повикани на работа

by Fokus 21:26
21:26

Во Ургентениот центар во моментот е примен само еден од граѓаните, кој е полесно повреден внатре во Собранието, изјавија од скопските клиники за „Фокус“. Според лекарите, ниту еден од повредените пратеници не е донесен, ниту примен на клиниките.

– Кај нас, досега е примен само еден пациент, кој е полесно повреден. Сепак, ние сме сите тука,  во случај ако има некоја потреба во текот на ноќта – истакна во изјава за „Фокус“, Илир Хасани, директорот на Клиниката за ортопедија и трауматологија.

- Advertisements -

Според нашите информации, во моментот на овие две клиники се повикани повеќето лекари, за во случај да има потреба од некакви интервенции во текот на ноќта.

И.М.

Поврзани новости