На „Табановце“ стотици возила чекаат за влез во Србија

by Fokus

Километарски колони на граничниот премин „Табановце“ регистрираат надзорните камери на Јавното претпријатие за државни патишта. Стотици возила чекаат за влез во соседна Србија, а најголем дел од нив се упатуваат кон вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Белград.

Српските здравствени власти најавија дека викендов се подготвени за вакцинација на илјадници странски државјани, најмногу од БиХ и Северна Македонија, кои кон крајот на март се вакцинираа на Саемот во Белград.

-Добро сме подготвени за овој викенд. Очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа во сабота и 5.000 во недела, и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјавил за ТВ К1, директорот на вакциналниот пункт Зоран Бекиќ.

Според неофицијалните податоци околу 30 илјади македонски државјани изминатиов период се вакцинираа во соседна Србија.

Поврзани новости