На штипското Инфективно одделение се лекува еден пациент со корона вирус

by fokus 11:56
11:56

Еден пациент кој е позитивен на корона вирус е сместен на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека станува збор за маж кој неколку дена е хоспитализиран бидејќи бил со покачена телесна температура и кашлиц. Во текот на вчерашниот ден неговите резултатите се пристигнати и е потврден корона вирусот. Тој е првиот пациент со Ковид 19, кој се лекува на Инфективното одделение.

- Advertisements -

Овој пациент е со средна клиничка слика. Според епидемиолошката анкета ова лице нема поврзаност ниту со првиот, ниту со вториот кластер во Штип. Посочил и дека нема излегувано надвор од државата.

Бројката на позитивни со корона вирус од вчера е вкупно 14, од кои десет лица се од првиот кластер, кој е поврзан со првиот и најмладиот пациент во Штип, четиригодишното девојче, кое пристигна од Англија, вториот кластер се повозрасните сопружници и нивниот внук, кои беа на скијање во Копаоник и третиот кластер е мажот кој е сместен на Инфективното Одделение.

Поврзани новости