На САД им се заканува четврт бран на корона вирусот

by Fokus

Ширењето на многу заразните мутации на корона вирусот се заканува да предизвика „потенцијален четврти бран на случаи“ во САД, предупреди директорката на американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски.

Валенски изрази загриженост поради најновите податоци за бројот на заболени од Ковид-19, нагласувајќи дека минатата недела на дневно ниво биле евидентирани околу 70.000 нови случаи, што, како што истакна, е многу голема бројка.

Во истиот период, дневно се регистрирани по 2.000 смртни случаи, додаде таа.

Валенски предупреди дека САД, со толку високо ниво на случаи и нови мутации на вирусот кои се шират, можат да ја изгубат тешко стекнатата предност во борбата против корона вирусот.

– Овие мутации претставуваат многу реална закана за нашиот народ и напредокот што го постигнавме, рече Валенски.

Во моментов кружат неколку различни мутации на Ковида-19, но здравствените експерти се особено загрижени поради некои од нив, како што се оние во Велика Британија, Јужноафриканската Република и Бразил, кои се чини дека се позаразни.

Поврзани новости