На руската национална телевизија се емитува емисија посветена на Путин

by fokus

Руската државна телевизија почна да емитува нова неделна емисија посветена на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Првата епизода на емисијата „Москва.Кремљ. Путин“ беше емитувана синоќа на телевизијата „Расија 1“, при што беше укажано на активностите на Путин во решавање на разни кризи и неговото инсистирање да остане во контакт со обичните Руси.

Во едночасовната програма прикажани се интервјуа со портпаролот на Путин, Дмитриј Песков и со новинарот кој минатата недела ги следеше активностите на рускиот претседател.

Песков истакна дека Кремљ не барал воведување на таква емисија, додавајќи оти програмата е направена на балансиран начин.

Кремљ ја зацврсти контролата над државната телевизија по доаѓањето на власт на Путин во 2000 година. Иако „Расија 1“ досега опширно известуваше за активностите на Путин, новата емисија е нешто ново за Русија.

Рејтингот на Путин драстично се намали во јуни откако Владата предложи зголемување на стросната граница за пензија, закон кој не е сменет од 1932 година.

Поврзани новости