На радиата и телевизиите од денеска нема македонска и српска музика

by fokus 11:32
11:32

Од утринава на македонските телевизии и радиостаници веќе нема ни македонска, ни српска музика. Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.

Авторските агенции на Македонија и Србија бараат повеќе пари за пеачите и композиторите, а македонските електронски медиуми не се согласуваат да платат повеќе.

- Advertisements -

Според одлуката на Здружението за заштита на авторските и музички права на Македонија (ЗАМП) македонските медиуми немаат право да емитуваат македонска музика. СОКОЈ, авторската агенција од Србија информираат дека тие ги штитат правата на своите членови и бараат повисоки тантиеми за српските автори.

 

Од Македонската медиумска асоцијација (здружение на неколку македонскинационални телевизии) најавија тужба против ЗАМП и од Министерството за култура бараат одземање на дозволата за работа. ММА смета дека тарифите што ги бара ЗАМП се превисоки (750 денари за една минута). Оваа тарифа ќе значи огромна заработувачка за ЗАМП.

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.

 

 

Поврзани новости