На промоција кај Лила само во златна и црна боја!

by Fokus

Популарната ТВ водителка Лила Стојановска ќе ја промовира дуетската песна со Филип на 16-ти овој месец, во ,,Ми Каса” во Скопје. Настанот е закажан со почеток од 20.30 часот, а сите посетители мора да го почитуваат дрес кодот, односно да бидат во гардероба во златна и црна боја.

Новата песна на Лила, насловена ,,Тешко мене со тебе” е дело на Роберт Билбилов, и на некој начин нејзино враќање на музиката. Имено, таа заполви во музичките води пред повеќе од десет години, сними неколку песни, па потоа повторно се посвети на водителството.

Од ПР тимот на Лила велат дека станува збор за летна песна, за која веруваат дека ќе стане хит кој ќе се слуша во локалите и клубовите во земјава.

-Лила и Филип носат освежување на естрадната сцена. Таа доби низа на комплименти за својот стил за време на снимањето, се нижат споредби со холивудската ѕвезда Џенифер Лопез. Секогаш била максимално професионална, било да е водителството или музиката во прашање, веруваме дека ќе започнат да пристигаат понуди за настапи. Во тимот имаме и танчерки, настапите ќе бидат баш светски, како за слушање, така и за гледање – ни изјавија од нејзината екипа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости