На Попова Шапка -17 степени и половина метар снег

by fokus

На Попова Шапка утрово се измерени -17 степени Целзиусови, во Берово -15, Крушево -14, Маврово -12, Битола и Тетово -11, во Скопје и Охрид -9, а -3 во Гевгелија.

На Шапка има и најмногу снег 49 сантиметри, во Маворово снежната покривка е 18 сантиметри, а во Крушево четири, информира УХМР.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и студено со слаб до умерен северен ветер. Утринава е студено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Поврзани новости