На погребот на Златановиќ откриено дека речиси сите членови на ,,Тропико бенд” се инфицирале со корона вирус!

by fokus

Денес на градските гробишта во Лесковац беше погребан тапанарот на популарниот ,,Амадеус бенд”, Бојан Златановиќ. Тој почина пред два дена од корона вирус во својата 45 година, а на неговиот погреб присуствувале голем број на негови колеги.

Како што пренесуваат српските медиуми, клавијатуристот на ,,Тропико бенд” Предраг Пешиќ потврдил дека останатите колеги од групата се инфицирале од вирусот, па затоа и не дошле на погреб.

-А кој да дојде, половина од бендот ни се разболе од корона – изјавил тој.

Музичарот Дарко Филиповиќ, кој беше близок пријател на Златановиќ, изјавил дека тој со денови кашлал, но се лекувал сам дома, пред значително да му се влоши состојбата.

-Не пиеше, не пушеше, беше во одлична кондиција, ги сакаше моторите, но редовно возеше велосипед, со километри, без да се измори – изјавија членови на ,,Амадеус бенд”.

Популарната музичка група пред панедемијата редовно имаше настапи во клубови во нашата земја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости