На плоштад „Македонија“ скопјани им оддаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани

by Fokus

Во Скопје денеска се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Граѓаните доаѓаат и палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во оваа ужасна трагедија.

Во Кочани, Штип, Облешево и во Скопје денеск се одржуваат погребните церемонии за починатите во пожарот.

Со погребната церемонија во Кочани чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

На 16 март утрината околу 2:35 часот избувна пожар во клубот „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата ДНК.

Во пожарот загинаа 59 лица меѓу кои и осум члена на групата ДНК. Меѓу загинатите има шест лица со возраст под 18 години, а највозрасниот загинат има 48 години.

Во пожарот беа повредени над 180 лица кои се згрижени во болници во земјава и во странство.

Во државава во моментов се лекуваат 72 пациенти, а надвор 101, додека три лица веќе се пуштени на домашно лекување.

Поврзани новости