На пазарот во ЕУ има сѐ повеќе лажни вакцини против Ковид-19, предупредува ОЛАФ

by fokus

Европските администрации треба да бидат крајно внимателни поради измамниците кои нудат лажни вакцини против Ковид-19, соопшти Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Во соопштението се посочува дека ОЛАФ веќе поседува извештаи за измамници кои се обидуваат да продадат вакцини во ЕУ.

„Целта на измамата е да се прелажат националните власти во ЕУ кои се обидуваат да ја зајакнат програмата за вакцинација поради безбедноста на своите граѓани“, се наведува во соопштението на оваа антикорупциска канцеларија на ЕУ.

Во соопштението се забележува дека ОЛАФ ја проширува истрагата за заштитните производи од Ковид-19 поради борбата против трговијата со фалсификувани вакцини добиени од нелегален увоз, како и за фалсификуваните лекови.

Во соопштението, исто така, се додава дека истрагата почнала во март минатата година и дека досега се идентификувани повеќе од 1.000 сомнителни операции и запленети се 14 милиони предмети, вклучувајќи и лажни маски и лажна опрема за тестирање.

Поврзани новости