На наплатна рампа кај Тетово фатени двајца дилери, запленета голема количина дрога

by Fokus

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово утронава околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца осомничени дилери, информираа од МВР.

Оттаму засега само потврдуваат дека во тек е полициска акција, а за деталите најавуваат информација по нејзиното завршување.

Се наведува и дека ова е една од низата акции што деновиве ги спроведува полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога во земјава.

 

 

 

 

Поврзани новости