На „Монструм“ не се појави сведокот кој тврдеше дека полицијата го возела во „опел омегата“

by fokus

Сведоците Драги Ивановски и Диме Весков денеска не се појавија на судското рочиште за случајот „Монструм“. Сведоците, за кои иако имало наредба за полициски спровод, сепак не беа донесени во судница.

Судијата Осман Шабани побара одговор од полициските станици Бутел и Гази Баба, зошто сведоците не се спроведени, а доби одговор само за Ивановски, односно дека ја продал куќата, која била во распаѓање и немал пријавено друга адреса.

Сведокот Весков веќе еднаш сведочеше пред судот, но треба да се појави повторно поради повторување на постапката.

Првиот пат сведокот тврдеше дека автомобилот „опел омега“, со кој се превезувале извршителите на преткратното убиство, го препознал по бојата, бидејќи наводно полицијата го превезувала во него.

Регистерските табличките велеше дека ги заборавил, а паметел само дека биле скопски. Кога судиите го праша, дали му е познато дека има многу возила со иста боја, сведокот појасни дека му е познат тој факт, но остана на тврдењето дека се возел токму во тоа возило, наметнувајќи теза дека автомобилот бил на МВР.

Според неговото тврдење, кога го уапсиле пред повеќе години, тој го повикал адвокатот Митко Солаков, кој беше еден од од бранителите во  во „Монструм“, да го застапува во постапката што се водела против него. Делото за што бил уапсен е измама, а станува збор за предмет од 2009-тата година. Овој пат, сведокот му се јавил на другиот бранител во „Монструм“, адвокатот Насер Рауфи со цел  да му пријави дека се возел во возилото „опел омега“.

Тврдеш дека во два наврати со адвокатот Рауфи се сретнале во КПУ „Идризово“, првиот пат наводно разговарале за автомобилот, а вториот пат, побарал од адвокатот да му заврши некои приватни работи.

Наредното рочиште треба да се одржи на 1 јули.

В.В.

Поврзани новости