На лицата со лоши намери кон нас, нема да им биде дозволен влез во државата на 4 февруари, вели Пендаровски

by Fokus

Мојата препорака до нашите партнери беше дека треба да сугерираат ни во Софија да не се помага, односно да не се поттикнуваат организирани транспорти до нашата граница за 4 февруари. Ве уверувам, постојат претходни сознанија за многу лица со лоши намери кон нас, и на нив нема да им биде дозволен влезот во државата, истакна претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Телма”.

Според претседателот, добро ќе е и Бугарија како наш сосед, да не поттикнува организирање на вакви конвои.

Претседателот сепак останува на ставот дека 4 февруари ќе помине во атмосфера каква што доликува, во црквата „Св. Спас” и во околината, и дека ќе го чествуваме тој ден како што доликува на една цивилизирана демократска држава.

-Убеден сум дека надлежните органи ќе преземат се што е во нивна моќ да го поминеме 4 февруари на начин на кој ќе уште еднаш ќе бидеме претставени како држава која толерира различности, но не толерира навреди врз сопсѕтвениоот народ, додава Пендаровски

Поврзани новости