На Кежаровски му е направен прекин на издржувањето на казната, а за барањето за условен отпуст допрва ќе се одлучува

by fokus

Новинарот Томислав Кежаровски денеска беше пуштен на слобода поради одлука за прекин на издржување на казната, а не поаради поднесеното барање за условен отпуст.

„Управата за извршување на санкции донесе решение за прекин на издржувањето на казната, а по барање на директорот на затворот „Скопје“, објасни директорката Лидија Гавриловска.

Според оваа одлука Кежаровски ќе биде на слобода до 18 февруари, кога повторно треба да се врати во затворот.

Ова значи дека директорот на затворот во исто време поднел уште едно барање, но до Основниот суде Скопје 1, со кое побарал условен отпуст на Кежаровски. По ова барање допрва треба да се произнесе Кривичниот суд.

„Условен отпуст е предвремено отпуштање на осуденото лице од издржување на казната затвор. Осуденото лице кое се наоѓа на издржување казна во установата молбата за условен отпуст ја доставува преку управата на установата до судот што ја донел пресудата во прв степен кој одлучува за условниот отпуст“, се наведува Прирачникот за осудени лица, на Управата за извршување на санкции.

Условниот отпуст е регулиран со Кривичниот законик, во член 36.

„Условно може да се отпушти осуденикот кој издржал половина од казната затвор“, се наведува во став 2, во член 36.

Во случајот со новинарот Кежаровски, тој има одлежано над 90 процени од изречената казна, односно му останаа уште три месеци и осум дена, бидејќи 21 месец помина во притвор.

Поврзани новости