На капетанот и на сопственикот на „бродот на смртта“ кај Хвар им се заканува 8 години затвор!

by Fokus

Сопственикот и капетанот на бродот „Атлантија“ на кој пред два дена поради труење со јаглероден монооксид едно лице почина, а две деца се во животна опасност, се уапсени.

Се товарат дека неколку дена пред трагедијата кај островот Хвар, непрописно вградиле агрегат во машинското одделение на бродот поради што дошло до пропуштање на отровни гасови во кабината.

Станува збор за бензински агрегат кој се користи во градежништвото на отворен простор, а е забранет за употреба на пловни објекти.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, пациентите коишто се од вчера во болница во Сплит, а од кои две се деца и натаму се критични. Неизвесно е дали ќе преживеат оти нивните органи продолжуваат да откажуваат. Првичните податоци од анализите покажуваат зголемено количество на јаглероден монооксид во нивната крв. Бродот „Атланција“  вплови во пристаништето на Хвар, а на палубата беше пронајден мртов маж и четворица во безсознание.

Утврдено е дека починатиот е Италијанец, Еуген Винчи, но резултатите од обдукцијата не се откриваат.

Поврзани новости