На какви прашања одговараат учениците од четврто и петто одделение?

by Фокус

Почна да се спрведува екстерното тестирање, кое опфаќа околу 190.000 македонски основци и средношколци. Учениците одговараат на над 3.000 прашања од повеќе предмети што ги изучувале во текот на годинава. Во јавноста се шират голем број реакции околу начинот на кој се спроведува тестирањето, а дел од учениците се жалат дека постапката била спроведена хаотично.

Фокус издвојува дел од прашањата што се објавени на веб-страницата на Државниот испитен центар. За дел од нив, дури и возрасните треба долго да се мислат и чудат кој е точниот одговор, а за дел пак, и после долго „мозгање“, не можете да ја најдете логиката на прашањето.

Еве дел од прашањата на кои требаше да одговорат учениците.

„Си станал мажиште!“
Тоа значи дека тој станал:

„Почитувани, Ве известуваме дека третата редовна средба на еколошкото друштво „Љубители на природата“ ќе се одржи на 10. 03. 2014 година, со почеток во 11:00 часот.“
Зошто средбата не се остварила?

“Сношти Јове од планина слезе
и не рече добровечер,
туку рече дај ми мале,
стол да седнам да одморам.”
Во извадокот од песната, Јован е претставен како:

“Првпат за Нова година, дома немавме елка. Кога сосетката Вера дојде да не посети, зачудено извика:
-Леле! Па вие немате новогодишна елка!
-Немаме- мирно рече Дона-Ние не сакаме сечена елка.Ќе си посадиме во дворот жива. ”
Какво девојче е Дона?

„Владо стои пред вратата и чека да влезе учителката. Приоѓа срамежливо. Еве сега ќе признае. Ќе каже дека не ѝ ја кажал вистината. Но како да почне и да се оправда?“
Што направил Владо?

Во извадокот од текст:
„Слетало едно врапче во еден двор и почнало да колва зрнца. Го забележал мачорот, му се прикрал и го фатил.“
Во кое време се одвива дејството?

Компирот: Здраво, јаболче!
Јаболкото: Чао, компирче! Кажи ми, познаваш ли подобра овошка од мене?
Каков текст е извадокот?

,,Крушата: Што ви е вам? Ова бојно поле ли е?
Компирот: Секој сака да биде најдобриот. Ете што е!
Јаболкото: Кажи, тетка крушо, нели јас сум најдоброто овошје?
Портокалот: Не ти, туку јас!
Бананата: Не ти, туку јас, да знаеш!“
Кој од лицата ја истакнал темата на разговорот?

Oсвен овие примери, во екстерните тестови можат да се забележат и бројни граматички и печатни грешки.

Поврзани новости