На изборите во Албанија заразените со корона нема да гласаат

by fokus

На неколку дена до парламентарните избори, албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата доцна попладнево ги објави протоколите за денот на изборите, 25 април.

Она што посебно се нагласува е дека нема да гласаат сите заразени лица со Ковид-19, кои се во домашна изолација или се лекуваат во болница. Се препорачува  оние кои имаат симптоми на вирусот да останат дома.

-Поконкретно заразените лица со опасниот вирус треба да останат дома но и оние кои имаат симптоми, како треска, отежнато дишење или висока температура. Нема да гласаат ниту лицата кои се хоспитализирани, стои во соопштението на комитетот.

Моментно според официјалната статистика активни на болеста се 24.888 од нив дури 18.195 во Тирана.

-На секој влез на гласачките места треба да има средства за дезинфекција на рацете. Задолжително е носење заштитна маска. Гласачките кутии и параваните за гласање ќе бидат поставени на два метра оддалеченост од избирачкиот одбор. Што се однесува на просторијата за гласање таа треба да биде со поголема површина, да има посебен влез и излез со цел да се обезбеди физичко растојание, а во просторијата може да влезат само двајца гласачи, се дел од протоколите.

Исто така, секој член на избирачкиот одбор и набљудувачите на процесот, на денот на изборите мора да достави образец со потпишана изјава дека нема знаци поврзани со Ковид-19, да носат заштитна маска и да се на растојание не помало од 1,5 метар.

Поврзани новости