Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утринава доживеа сообраќајна несреќа, кога автомобилот со кој се превезувал удрил во бетонски столб, кај патарината Гостивар-Тетово, поради ниската видливост како резултат на маглата.
Како што соопштија од Мала Речица, Ахмети и неговиот шофер се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност, но се хоспитализирани во тетовскиот клинички центар, поради лесните телесни повреди.
- Advertisements -
На истото место, пред три дена, фотографот на „Фокус“, Томислав Георгиев, бил сведок на речиси идентична сообраќајка, а од самото место направил и фотографија.
Фотографија на Томислав Георгиев
Фотографијата е на порталот „Порталб“