На граничните премини задржувања од половина час

by fokus

Утрово на граничните премини нема задржувања кои се подолги од 30-тина минути за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патнитеправци надвор од градските средини е зголемен, додека сообраќајот се одвива без забрани и по суви коловози.

Сепак, на социјалните мрежи граѓаните се жалат дека иако на македонската граница се поминува релативно брзо, на грчката страна повторно се чека подолго време.

Вчера, на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, имаше километарски колони од автомобили кои со часови чекаа да влезат кај јужниот сосед. Нервозата кај возачите предизвика и тепачка, од која се рашири видео на социјалните мрежи.

Поврзани новости