На Евзони ќе им се прават брзи ковид-тестови на камионџиите

by Фокус

Грчките власти од денеска воведоа нови мерки за заштита од коронавирусот, при што на граничниот премин Евзони на камионџиите ќе им се прават брзи ковид тестови.

Оваа мерка важи од денес, така што влезот во Грција навечер нема да работи, бидејки ќе нема здравствени тимови што ќе прават брзи ковид тестови.

Евзони за влез во Грција ќе биде отворен секој ден од 6 до 18 часот по македонско време, кога може да се помине грчката граница под услов возачот биде негативен на брзите тестови кои се бесплатни, а ќе се прават на самиот граничен премин за што имаат ангажирано здравствени екипи.

Притоа, нема ограничување на бројката на камионџии кои можат да поминат во Грција преку Евозни во текот на еден ден.

Граничниот премин и понатаму останува затворен за патен сообраќај со исклучок на грчките државјани.

Поврзани новости