На Европа не и треба уште една Босна на Балканот, вели Мицкоски

by Fokus

Запрашан за коментар во врска со барањето од партијата Беса, за промена на уставната формулација 20% во Уставот, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде свој коментар.

Тој додаде дека на Европа не и е потребна уште една Босна на Балканот.

„Пострашно беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците на албанските партии, а тоа е формирање на дводомен парламент, што би значело де-факто и де-јуре федерализација и мислам дека тоа е многу погрешен потег, односно нарушување на унитарниот карактер на Македонија. Мислам дека ниту на Европа ниту на светот, не им е потребно уште една Босна на Балканот. Да не создаваме нови поделби и нова поларизација“, рече Мицкоски.

Поврзани новости