На дублерите на Шекеринска, Пендаровски и Николовски им се заканува кривична пријава?

by fokus 10:01
10:01

Кандидатите на СДСМ и на овие избори имаат дублери, бидејќи социјалдемократската партија (СДПМ) објави листа со кандидати чии имиња се слични или исти со носителите на листата на СДСМ.

Носител на листа во единицата ќе биде Стево Продановски од Зелениково, кој ќе му парира на Стево Пендаровски од СДСМ. За разлика од минатите избори, кога дублер на Радмила Шекеринска беше Рада Шекерова, овој пат ќе се трка со Радмила Шукуроска од Прилеп. Кандидатот на СДСМ Љупчо Николовски, ќе добие противкандидат со идентично име и презиме. Од најголемата опозициска партија велат дека ги разгледуваат правните можности за поднесување на кривична пријава за попречување на слободна волја на изразување.

- Advertisements -

И Државната изборна комисија (ДИК) најмногу забелешки имаше за кандидатските листи на СДПМ, партија која е неактивна, а се појавува пред избори истакнувајќи имиња слични на кандидатите на СДСМ со цел да внесе забуна кај гласачите. Дел од членовите на ДИК сметаат дека ова е кривично дело и дека со него треба да се позанимава обвинителството.

Поврзани новости