На денот на ВМРО, Мицкоски расчисти со „предавниците“ во партијата

by Fokus

Само неколку часа пред 23 октомври, празникот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, новото раководство од матичната партија ги исклучи потпретседателот Митко Јанчев, Сашо Мијалков и Никола Тодоров, како и Костадин Богданов од реформаторите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски синоќа по полноќ по завршувањето на Централниот комитет рече дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со хипотеките од минатото.

„Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО и на Македонија, заради силна соработка со Заев како и организирање на група за уцени и поткуп, со цел да гласаат за уставните измени, ЦК го разреши Митко Јанчев со тајно гласање и едногласно одлучи, го разреши Костадин Богданов. Заради истите причини ЦК од општинските комитети побара да се исклчат Сашо Мијлаков и Никола Тодоров, ЦК побара осумтте пратеници веднаш да поднесеат оставка од своите позиции. ЦК го повикува ОЈО да ги истражи наводите за поткуп на пратеници. Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција Заев-Вице-Мијалков, рече Николовски.

 

Поврзани новости