На Британците од 1 јануари им е забранет влез во ЕУ

by Fokus

На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската унија поради сегашните рестриктивни мерки воведени со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

Европската комисија најави дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.

Само неколку земји со ниска стапка на зараза со корона вирус се ослободени од правилата кои забрануваат влез на посетители во ЕУ и Европската економска област (ЕЕА) – а Британците можат да патуваат само до крајот на преодниот период на Брегзит, кој трае до 31 декември.

Членките на ЕУ во октомври се согласија да го усвојат предлогот да им се дозволи на граѓаните на земјите со мала стапка на зараза да влезат во Унијата, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Поврзани новости