На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути

by fokus

На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути.

Од АМСМ информираат дека возилата на ГП Богородица се пропуштаат во неколку колони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поврзани новости