На автопатот Штип-Миладиновци казнети 23 возачи за пребрзо возење

by Fokus

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера во периодот од 8:00 до 16:00 часот на автопатот Штип – Миладиновци санкционирале 23 возачи кои ги управувале возилата со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место.

Како што информира МВР, контролата била направена на потегот од клучката Кадрифаково до клучката Преод, а на санкционираните возачи им биле изготвени соодветни прекршочни платни налози. При контролата биле констатирани и два останати прекршоци.

Поврзани новости