На атинско пристаниште пронајдени над 300 килограми кокаин

by Fokus

Во контејнер со легална пратка со вреќи со кафе од Гватемала, на атинското пристаниште Пиреас биле откриени и запленети 351 килограм и 725 грама кокаин, спакувани во 298 пакувања.

Како што соопштија од грчката полиција, во периодот од 12 до 19 јули била спроведена истрага на над 150 контејнери со потекло од Јужна Америка, а во еден од нив бил пронајден и кокаинот.

Поврзани новости