На 5.000 фирми им се заканува клуч на врата, зашто не набавиле нова фискална каса

by Фокус

Околу 5000 фирми може да добијат парични глоби или привремена мерка за забрана на вршење на дејност, поради тоа што не го испочитувале рокот до 31 октомври да набават фискален апарат со ГПРС уред, информираа од Управата за јавни приходи.

„На последниот ден пред истекот на првиот рок, 3958 обрзници успешно регистрирале 9100 фискални апарати со ГПРС уред. И покрај постојаните апели упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат отпочнато оваа постапка“, соопштија од УЈП.

Инаку, овој рок важеше за даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, за обврзниците кои вршат угостителска дејност, како и за оние кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи), додека сите останати обврзници имаат рок да ги набават новите фискални уреди до 31 јануари следната година.

Поврзани новости