НА 25 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА, ЛАВОТ PEUGEOT СТАНУВА ПОГЛАСЕН!

by fokus

Најстариот постоечки автомобилски бренд во светот ја потврдува својата личност и својот карактер со новото лого, вртејќи нова страница во својата историја.

На 25 февруари 2021 година, PEUGEOT го претстави своето ново лого: грб со ликот на лав. PEUGEOT од 1850 година има десет последователни логоа, од кои сите се со амблемот на лав. Денес единаесеттата верзија, уште поедноставна, поквалитетна и поелегантна, штотуку креирана од PEUGEOT Design Lab, студиото за глобален дизајн на Брендот PEUGEOT. Лансирано во 2010, моменталното лого мораше да се промени со цел да се круниса издигнувањето на брендот повисоко на пазарот. Откако целосно ги обнови своите возила во последните 10 години, PEUGEOT го редизајнира своето лого за да биде во чекор со своите производи. На почетокот на 2021 година, со лансирање на гамата што ќе ја предводи новиот PEUGEOT 308, со нова веб-страна и создавањето на STELLANTIS, ѕвездите се поклопуваат.

PEUGEOT е бренд кој е во чекор со времето. Тој е дури чекор понапред, ги следи иновациите, предвидува промени во начинот на работа и отвора пат за нови решенија за мобилност. PEUGEOT го доживеа искуството на сите револуции: индустриска, технолошка, политичка, социјална, дигитална и сега еколошка – енергетската транзиција и мобилност со нула емисија на СО2 кои се во центарот на стратегијата за одржлива иднина. Сето ова ја формира PEUGEOT-овата DNK.

PEUGEOT како моќен и инстинктивен Бренд, совршено му прилега својот амблем: лавот. Ова го прави PEUGEOT безвременски Бренд, со постојана конекција помеѓу минатото и иднината. Во текот на последните 10 години, целата производствена гама се издигна неверојатен чекор напред. Ова е успехот што е постигнат: „Интернационално комерцијално возило на годината“ со PEUGEOT e-Expert во 2021 година и Partner во 2019 година и три признанија „Автомобил на годината“ (PEUGEOT 308 избран во 2014 година, PEUGEOT 3008 во 2017 година и PEUGEOT 208 во 2020 година). И пред сè, електрифицирана гама, како за патнички така и за лесни комерцијални возила. Оваа високовреднувана промена на пазарната позиција, сега е усовршена работејќи на дизајнот на самиот Бренд. Новото лого е олицетворение на она што PEUGEOT значеше вчера, што значи PEUGEOT денес, и што PEUGEOT ќе значи утре..

Поврзани новости