На 14 мај се отвора границата со Грција, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека има најави од Грција дека границите за македонските граѓани ќе бидат отворени на 14 мај и тоа Дојран и Богородица.

„Имаме честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а разговаравме и со грчкиот министер за туризам Теохарис. Во врска со мерките, ме извести дека двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но ќе биде задолжително потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест“, рече Филипче.

Поврзани новости