МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

by fokus

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром загуби попладнево во неизвесен натпревар од екипата на Младост Земун со 82:75, завршувајќи го настапот на турнирот во Сараево во рамки на АБА 2 лигата со две победи и еден пораз.

Македонскиот тим имаше солидни плус седум поени разлика на полувреме (37:30), и иако ја загуби третата четвртина со 27:17, сепак, влезe во последните две минути од мечот со предност од 75:72. Финишот, меѓутоа, целосно му припадна на српскиот тим, кој со серија од 10:0 му го нанесе на МЗТ Скопје Аеродром четврти пораз во десеттиот натпревар во регионалната лига.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Американецот Феми Олуџоби со 18 поени.

Пред завршните три натпревари во АБА 2 лигата, кои се на програмата од 22 до 27 март во Златибор, екипата на МЗТ Скопје е четвретоплсиарана на табелата.

Претходно денеска, пораз во завршниот натпревар во Сараево претрпе и екипата на Работнички од Широки со 106:77.

Поврзани новости