МЗШВ: Николовски шири клевети, каналите редовно се чистат

by fokus 20:38
20:38

Откако Љупчо Николовски од СДСМ најави кривична пријава против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков поради неисчистените одводи, сo реакција се огласија од Министерството.

-Обвинувањето дека биле неисчистените каналите за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново и дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите, всушност го покажува тоталното непознавање на Николовски за функционирањето на системите за одводнување.– се вели во демантот на МЗШВ.

Од таму обвинуваат дека Николовски само шири лаги и клевети и собира политички поени врз маката на луѓето од поплавените региони.

Поврзани новости