МЗ: Во изминатите 24 часа 1022 новозаразени, најмногу во Скопје 463

by Fokus

Во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на Ковид-19, соопштуваат од министерството за здравство.

Најголем број новозаразени се регистрирани во Скопје-463, а според информацијата во Куманово има 30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, Ресен-6, Неготино-27.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60.723, бројката на оздравени пациенти е 37.505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21.519.

Направените 3.127 теста се преку: ИЈЗ-751, ЦЈЗ Скопје-62, Авицена-284, Биотек-296, МАНУ -206, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Систина со PCR метода -247, лабораторија Лаор –51, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-63, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -791, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19.

Поврзани новости