МЗ: ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со беспрекорната организација на масовната имунизација во „Борис Трајковски“

by fokus

ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем. Ова е реакцијата на Министерството за здравство на денешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години. ВМРО ДПМНЕ се потсмева со  вакцинирањето на здравствените работници, полицијата, армијата, наставничките, негувателките, воспитувачките во граднинките, возачите во ЈСП, се потсмева со вакцинирањето на луѓето кои се дел од критичната инфраструктура во државата, со чија вакцинација, се овозможува непречено функционирање на општеството. ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот за беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски“. На ВМРО ДПМНЕ му сметаат, насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета. Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Поврзани новости