МЗ: Вкупно 70 оздравени пациенти, денеска нема починати

by Fokus
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13 и нема починати пациенти, соопштија од министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14,Прилеп-1,Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086,  бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.

Поврзани новости