МЗ: Уништен е турски инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 14:45
14:45

Министерството за здравство соопшти дека уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати, реагираат од Министерството за здравство на опозициските обвинувања.

– Граѓаните памтат и знаат, манипулациите нема да пројдат ни сега. Нов тендер за набавка на инсулини нема, затоа што за тендерот од 2018 година веќе се склучени договорите. Количините од стоковите резерви не се никако поврзани со количините за тендер. Воведени се три нови типови на инсулин, кои се најнова генерација на лекови – оригинални, со сертификат за квалитет и не се од паралелен увоз. Сега граѓани примаат оригинални инсулини. Не е како порано, да примаат инсулин без проверен ладен ланец и без оригинал сертификати. Во 2018 година се донесоа измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства. Оттогаш, сите лекови во нашата држава се со сертификат за квалитет. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз, истакнуваат од Министерството.

- Advertising -

Поврзани новости